Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Доживотна казна затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев за убиството на Вања и Панче
    Некатегоризирано

    Доживотна казна затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев за убиството на Вања и Панче

    25/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Доживотна казна затвор им беше изречена денеска на обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товареше дека давал информации за движењето на неговата ќерка, е ослободен од обвинение.

    По образложување на делата за кои се товарат и настаните од грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, судијата Ивица Стефановски изрече единствена казна доживотен затвор за Манев, Видевски, Кешишев и Палевски, додека, за таткото на Вања посочи дека се ослободува од обвинение.

    – Судот на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски за кривичното дело грабнување им утврдува казна затвор од по 10 години, а за кривичните дела убиства на секој од обвинетите поединечно им утврдува казна затвор доживотен затвор, со што им се утврдува единствена казна доживотен затвор, образложи судијата Стефановски при денешната објава на пресудата во Основен кривичен суд Скопје.

    Александар Ѓорчевски, пак, се ослободува бидејќи Јавното обвинителство не докажало надвор од разумно сомневање дека го сторил делото.

    Судот одлучи мерката притвор спрема обвинетите осудени за доживотен затвор да се продолжи до правосилноста на пресудата, додека, по однос на обвинетиот Александар Ѓорчевски се укинува мерката куќен притвор бидејќи е ослободен од обвинение.

    Во обвинението за двојното убиство стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

    Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

    Поврзани вести:

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    13/10/2026

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    13/10/2026

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.