Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Таткото на Васил Јованов не се појави на судење, Обвинителството го преквалификува делото
    Некатегоризирано

    Таткото на Васил Јованов не се појави на судење, Обвинителството го преквалификува делото

    24/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Денешното рочиште со кое требаше да почне судскиот процес против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова, се одложи.

    Причината беше што во судницата не беше присутен обвинетиот Зоран Јованов и неговиот адвокат Сашо Дуковски.

    Како што појасни судијката Снежана Марковска, судот направил два обиди да му ја достави на обвинетиот поканата за рочиштето заедно со обвинителниот акт, но поканата се вратила како неуредна достава, односно не можеле да го најдат на адресата што ја имаат во судот.

    По ова било известено Министерството за внатрешни работи за да потврди дека нема промени во адресата на живеење, но од МВР судот сè уште не добил повратен одговор дека го нашле на адресата.

    Како неуредна се вратила и доставницата упатена до адвокатот Сашо Дуковски.

    Од странките во постапката на денешното рочиште беше присутен само обвинителот на Основното јавно обвинителство Скопје, Александар Марковски.

    Тој пред судот наведе дека поради новите докази што ги прибрале во меѓувреме сменет е диспозитивот на обвинителниот акт со што Зоран Јованов наместо за предизвикување општа опасност сега се гони за поблаго дело загрозување на безбедноста во сообраќајот.

    -Со оглед на тоа што во скратената постапка и за релативно кусо време беа прибавени значителен број докази, па поднесено обвинение за кривичното дело според член 288 од Кривичниот законик (КЗ), но како пост фестум надојдоа и други докази па поради изменетата фактичка состојба и начелото на специјалитет Јавното обвинителство направи измена на диспозитивот на обвинителниот предлог поради што правното дејствие требаше да се супсумира со друга правна квалификација и сега обвинетиот се гони за загрозување на безбедноста во сообраќајот. Станува збор за нијанса поблаго кривично дело, но измената беше неминовно да се направи затоа што начелото на специјалитет наложува секогаш да се интервенира во оваа насока кога една норма ќе ги содржи сите обележја на претходната, но ја опфаќа криминалната содржина од друг аспект, а во случајот тоа е загрозување на безбедноста на сообраќајот, рече обвинителот Марковски додавајќи дека ова измена подетално ќе биде елаборирана на следното рочиште во воведните зборови.

    Поврзани вести:

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    13/10/2026

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    13/10/2026

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.