Недостатокот на работна сила во Македонија е сепоприсутен. Македонското општество старее, младината или заминува во странство или е пребирлива околу работните места. Поради сето тоа во последните пет години, за три пати е зголемен бројот на странци кои се вработиле и добиле дозволи за престој во нашата држава.
Најново е дека Владата на Македонија ја утврдила и квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година, со вкупно 10.000 ангажмани.
Дури 9.750 дозволи се наменет за редовно вработување на странци. Од квотата, 4.500 се за нови работници, а 5.250 за продолжување на дозволи за оние кои веќе работат во државата.
Инаку, најмногу странци во Македонија работат во градежништвото и во хотелите и рестораните. Најчесто доаѓаат од Турција, Непал и Бангладеш. Да потсетиме лани околу 200 странски работници избегаа од своите работни места.
