Лидерската средба траеше околу три часа. Во Клубот на пратениците средбата иницирана од премиерот Христијан Мицкоски поминала во конструктивна дебата за неколку теми.
По средбата претседателот на Владата извести дека сите присутни се согласиле дека техничката влада треба да замине во минатото, но тој е и свесен дека СДСМ е против иако беше отсутен на средбата.
„ Ако толку тие инсистираат да важи за овие избори техничката влада, еве измените да не ги опфатат следните парламентарните избори, туку тие што ќе следат по тоа”, изјави премиерот Мицкоски, ододавајки:
„За да излеземе од ќорсокак, ние го прифаќаме и тој компромис. Ако СДСМ мислат дека е потребно за следните избори да има техничка влада, во ред. Но кој и да победи на следните избори, да нема повеќе техничка влада”, кажа премиерот.
Тој објасни дека е најден и своевиден компромис за Законот за прекршоците,
По средбата изјава даде и лидерот на Левица Димитар Апасиев кој укажа дека е договорено начелно до крајот на пролетта, некаде во јуни, да се донесе нов Изборен законик.
– Се дискутираше за модалитети за една изборна единица, со или без изборен цензус, со отворени или затворени листи. Комуникацијата ќе продолжи на ниво на координатори на пратенички групи во Собранието – рече Апасиев.
