Кинеската државна компанија „Донгфанг Винд Пауер” потпиша договор за испорака на 48 ветерни турбини за проект за еолска енергија во Србија, вреден 495 милиони евра.
Ветроелектраната што ќе се гради во близина на Панчево ќе биде најголем ветропарк во Источна Европа. Се очекува проектот да овозможи производство на околу 774 милиони киловат-часови зелена електрична енергија годишно.
ЗЕЛЕНСКИ: ИМА НАПРЕДОК ВО РАЗГОВОРИТЕ СО САД, ПРЕДУПРЕДУВАМ НА МАСОВЕН РУСКИ НАПАД НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека разузнавачките служби очекуваат нов масовен руски напад врз земјата во следните неколку дена.
Зеленски истакна дека Русија планира да го искористи екстремно студеното време, при што нападите најверојатно ќе вклучуваат дронови со цел исцрпување на противвоздушната одбрана пред ракетните удари. Во врска со дипломатските активности, Зеленски информираше за напредок во разговорите со американските претставници, наведувајќи дека повеќето документи за соработка се веќе подготвени за потпишување.
