Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години
    Некатегоризирано

    Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години

    23/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во моментов во земјава имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800. Законот јасно вели дека на 1500 жители треба да има по еден пожарникар. Не постои тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари. Дел од пожарникарите работат со стари возила и стара опрема. Сите треба да се организираме и да ја направиме оваа ситуација да биде подобра бидејќи луѓето кои работат во противпожараните единици многу често ги жртвуваат своите животи, своето здравје обидувајќи се да не спасат сите нас, порача извршната директорка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) Душица Перишиќ на конференцијата на тема „Заштита на објекти од пожар и претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46“, што денеска се одржува во Стопанската комора.

    Перишиќ информира дека како асоцијација се занимаваат со сите надлежности на општините, како и со пожарникарството.

    -Во 2005 година, кога почна процесот на децентрализација и противпожарните единици, кои до тогаш беа во МВР, поминаа на општините и пренесени се сите согласно закон. Дополнително, пред пред пет години се додадени уште четири општини и во моментов имаме 34 единици за противпожарна заштита што се наоѓаат во 34 општини, но ги покриват сите 80 општини, вклучително и Град Скопје, како 81 посебна единица на локална самоуправа, подвлече Перишиќ.

    Таа се наврати на големите трагедија во Кочани и истакна дека првите, најодговорните, кои постапија на време и спасија ситуација да не се случи да има многу поголема несреќа биле протвпожарните единици на Кочани и на околните општини, кои веднаш помогнале. Перишиќ истакна дека од 2005 година или веќе 20 години има големи проблеми во противпожарните единици.

    -Прва и основна работа е што таа надлежност се финансира со блок дотација од централната власт. Во моментов има помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800. Законот јасно вели дека на 1500 жители треба да има по еден пожарникар. Тоа е првата и најголемата болка која ја имаме во општините. Втората е што во државава не постои тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари, кои би биле соодветно обучени за да почнат да работат, рече Перишиќ.

    Извршната директорка на ЗЕЛС како трет проблем ги наведе возилата. – Мора да видите каква разноликост постои во нашите противпожарни единици кои имаат возила од 40-та, 50-та години, нешто што останало од стариот систем, кои ги поправаат и се трудат да направат со нив што поуспешна работа. Разни донаторски организации и амбасади се обидуваат да ни помогнат, кои ни даваат возила и опрема кои се со различен метрички систем. Четврата работа е опремата за пожарникари. Секоја општина се обидува да се снајде на свој начин, да им обезбеди нови чизми, пожарникарски одела и се што ќе им треба за нивните акции. Имаме многу лошо опремени пожарникари, изјави Перишиќ. Додаде дека сети ова го увиделе странските амбасади и донаторските организации и имале средба, на која учествувал и ЗЕЛС. Малку е срамно, како што рече, дека некој ќе дојде од страна и ќе ни помогне, нагласувајќи дека во земјава имаме средства и капацитети сами да го организираме тоа. Таа информира дека ЗЕЛС испратил до сите 34 општини кои имаат свои противпожрани единици прашања за тоа што им недостига, а следниот состанок за координација е во септември.

    Според неа, и централната власт треба да се погрижи за делот кој нив им припаѓа – Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

    Конференцијата почна со едноминутно молчење во чест на загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.

    Поврзани вести:

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    13/10/2026

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    13/10/2026

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.