Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Се слави Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик
    Република

    Се слави Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик

    06/01/20264 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

    Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.
    Според најавите од организаторите, како и минатата година, делењето бадникови гранчиња ќе се одвива во дворот на Храмот од страната на булеварите „Партизански одреди“ и „Св. Климент Охридски“.
    Кум на годинашното одбележување е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар е музичарот Јаков Дренковски.

    По осветувањето на гранчињата, подигањето на Бадникарското знаме и исполнувањето на Бадниковата химна, кумот Кондратенко и здравичарот Дренковски, заедно со претставници на Одборот ќе го посетат Домот за стари лица во Злокуќани при што ќе врачат пригодни подароци на штитениците, за да им ја доловат атмосферата во пресрет на големиот христијански празник Божик и заедно со сограѓаните и персоналот да ги споделат радоста и среќата што ги носи претстојниот голем празник.

    Новиот кум и здравичар по престојот во Злокуќани ќе се упатат кон Соборниот храм, каде претходно со пајтон ќе пристигнат минатогодишниот кум Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров. Потоа во присуство на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан и свештенослужители ќе се одвива чинот на предавањето на Бадникарскиот ќуп на новите кумови, по што ќе се обрати поглаварот на МПЦ и ќе се освети погачата.

    По завршувањето на церемонијата новиот кум со ќупот заедно со здравичарот со пајтон ќе го напуштат храмот „Свети Климент Охридски“ и ќе се упатат кон своите домови.

    Во Скопје оваа година поворките ќе започнат од пред Музеј на Град Скопје, со движење низ ул.„Македонија“, а ќе завршат на Плоштадот во Скопје, каде ќе се одржи голем концерт.

    Во организација на Здружението „Бадникови поворки“, денеска ќе се одржи Бадниковата манифестација за 2026 година во повеќе од 80 градови и населени места низ земјава, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави.

    Централен настан ќе биде големата Бадникова поворка во Скопје, која ќе започне во 12:00 часот од Музејот на Град Скопје, ќе се движи по улицата „Македонија“ и ќе заврши на плоштадот „Македонија“, пред сцената кај Божикната пештера.

    По пристигнувањето на поворката на плоштадот „Македонија“, ќе следува „Божикната авантура“ – голема музичко-сценска изведба во живо, со повеќе од 40 музичари, пејачи, актери и учесници од „Златно славејче“. Мјузиклот е реализиран под уметничко раководство на Владо Дојчиноски, со драматургија на Билјана Крајчевска, и преку музика и сценска приказна ја пренесува пораката за Рождеството Христово.

    Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки ќе остварат празнични посети кај претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, споделувајќи ја радосната вест за Христовото Рождество.

    Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

    Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

    Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

    Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.