Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност
    Политика

    Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

    22/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во обраќање кон сите разочарани и скептични граѓани, Венко Филипче упати јасна порака – СДСМ не е иста со ВМРО-ДПМНЕ. Оваа борба не е само за власт, туку за вредности, вистина и еднаквост.

    –Сакам да им се обратам на оние кои велат „сите се исти“ или „во СДСМ нема промена“. Не сме исти. Не се исти оние кои вртат глава кога ќе се пожалите на тешка живеачка и оние кои понудија решенија за повисоки плати и пониски цени. Не се исти оние кои ветуваа правда, а испорачаа селективна правда – и оние кои секојдневно нудат решенија и реформи со кои секој политичар или функционер еднакво ќе одговара пред законот. Не се исти оние кои понудија решенија за траен развој на Македонија интегрирана во Европа – и оние кои решија да фрлат сè на буниште заради сопствените политички и бизнис интереси. За крај, не се исти оние кои кога беше најтешко во изминатите седум години искрено стоеја пред вас и ги решаваа проблемите – и оние кои за секој проблем ја обвинуваат опозицијата или манипулираат дека проблемот не постои, истакна Филипче.

    Тој нагласи дека СДСМ стои на истата страна каде што стоел и пред 80 години – на страната на луѓето.

    –Затоа, денес, како и пред 80 години, кога хероите на АСНОМ ја запишаа основата на македонската државност, СДСМ стои таму каде што отсекогаш стоел – на страната на граѓаните. Се бориме за Македонија на еднакви луѓе, со еднакви шанси. За слободна земја, каде правото важи за сите, а достоинството не се мери со партиска книшка. Се бориме за идентитетот кој не се злоупотребува за евтин политички профит, туку се чува, се унапредува и се промовира во светот. СДСМ е гласот на оние кои не се слушнати. Потпора на оние кои се оставени по страна. СДСМ е партија што не калкулира со вистината, туку ја брани и кога таа е тешка и болна. Нашата борба е борба вредности, за Македонија која е праведна, солидарна и слободна. СДСМ е таму каде што секогаш сме биле – меѓу луѓето. Со корени длабоко втемелени во историјата, но со поглед кон иднината, заклучи Филипче.

    Поврзани вести:

    Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура

    Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура

    Филипче: Мицкоски не е на списокот за средба со Трамп

    Филипче: Мицкоски не е на списокот за средба со Трамп

    СДСМ: ЗНАМ е политички проект за слабеење на опозицијата

    СДСМ: ЗНАМ е политички проект за слабеење на опозицијата

    Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата

    Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата

    ВМРО-ДПМНЕ со критики за правосудството: Ги посочија „Мазут“, модуларните болници и „Ласкарци“

    ВМРО-ДПМНЕ со критики за правосудството: Ги посочија „Мазут“, модуларните болници и „Ласкарци“

    Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери, обвинија од СДСМ

    Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери, обвинија од СДСМ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура

    20/09/2026

    Филипче: Мицкоски не е на списокот за средба со Трамп

    20/09/2026

    СДСМ: ЗНАМ е политички проект за слабеење на опозицијата

    20/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.