Службата за цивилно воздухопловство на Грција денеска во 08:59 часот по локално време се соочи со масовно попречување на речиси сите фреквенции што го опслужуваат F.I.R. Атина (воздушниот простор на Грција), а истовремено беше забележан пад на комуникациските линии HELLAS COM, како и на телефонските линии за оперативна комуникација, соопштуваат од таму.
Од службата посочија дека станува збор за досега невиден случај „и поради масовноста и поради географскиот опсег и временската упорност“.
Објаснија дека „шумот“ што бил забележан на фреквенциите имал форма на континуирано емитување, а инженерите во координација со техничарите од телекомуникациска компанија веднаш вложиле напори за лоцирање и отстранување на проблемот.
Веднаш била свикан и тимот за управување со кризи, кој е во постојана координација и соработка со надворешни институции и со европска организација за координација на воздушниот сообраќај EUROCONTROL за оптимално управување со F.I.R. Атина.
Дополнително, била издадена наредба специјално опремен авион на службата итно да полета, со учество на инженери и специјален техничар за од воздух да се истражат попречувањата.
За безбедноста на летовите и постепено се нормализирање на воздушниот сообраќај првично се опслужуваа 35 полетување и слетувања на час, бројка што од 16 часот по локално време беше зголемена на 45 авиони на час.“
Поради проблемите, неколку часа беше во прекин воздушниот сообраќај во Грција.

