Територијата на Македонија од денеска па во наредните денови ќе биде под влијание на многу ладен бран од север, со многу ниски температури, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.
На некои места ќе провејува и снег.
Утринските температури ќе бидат под нулата и ќе се спуштаат и до -15 степени. Максималните дневни температури ќе се движат помеѓу -4 и 4 степени.
За време на празниците на територијата на цела држава претстои период на многу ладно време, со појава на слана и мраз.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
