Најмалку 13 лица го загубиле животот, а околу 100 се повредени во тешка железничка несреќа што се случи во мексиканската сојузна држава Оахака.
Воз во кој се превезувале околу 250 патници, излетал од шините, а од повредените најмалку 36 лица се префрлени во болница. Петмина од нив биле во критична состојба.
Отворена е истрага за да се утврдат точните причини поради кои возот излетал од шините.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
