САД извршиле напади против силите на терористичката организација Исламска држава во Нигерија, откако претходно со недели ја обвинуваше владата на оваа западноафриканска земја дека не успеала да го запре прогонот на христијаните.
– Вечерва, по моја наредба, извршиме силен и смртоносен удар против терористичкиот џган на Исламската држава во северозападна Нигерија, кој прогонува и свирепо убива, пред сè, невини христијани, истакна Трамп.
Тој додаде дека „претходно ги предупредил овие терористи дека ако не го запрат колењето на христијаните, ќе им настане пекол”.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
