Загадениот воздух малку се повлече. Имено, концентрациите на ПМ10 честичките во Скопје и во Струмица се под прагот од 150 милиграми на кубен метар. Со самото тоа престануваат да важат мерките и препораките, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица”, соопшти министерството.
Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат. Сепак тоа не значи дека не треба институциите да размислуваат и делуваат околу долгорочните мерки за спречување на загадувањето.
