Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 189 примероци од 45 мерни места.
Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација” Скопје, во периодот од 15 до 19 декември земало примероци за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, соопштија од јавното комунално претпијатие сите примероци одговарале на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

