Од денес е отворен шалтерот „Безбеден град” во зградата на МТВ во Скопје. Граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците поврзани со регистрација на возилата.
Услугата ќе биде достапна и во станиците за технички преглед каде што има деташиран референт на МВР. Шалтерот ќе работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот, a граѓаните ќе можат да достават забелешки и прашања до МВР и по електронска пошта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
