Филозофскиот факултет во Скопје синоќа
одбележа 105 години од својот прв
академски час. Голема традиција и
јубилеј. Првите студенти уште во 1920
година почнале да одат на предавања на
насоките по Историја, Филозофија,
Педагогија и Книжевност.
Деканот Оливер Бакревски, како и
останатите професори и асистенти од
оваа најстара високообразовна
институција во Македонија уверуваат
дека факултетот и понатаму ќе биде
расадник на квалитетни кадри и водач во
земјата на општествената, научната и
хуманистичката мисла и знаење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
