Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Данска: Отворена шанса за членство, Македонија треба да ги исполни условите
    Политика

    Данска: Отворена шанса за членство, Македонија треба да ги исполни условите

    18/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере, денеска ја повика Македонија да ја искористи ретката шанса за проширување на Европската унија. Оваа порака доаѓа непосредно пред Копенхаген да преземе претседателство со Унијата, со најава дека во тој период проширувањето ќе биде еден од главните приоритети. Според Бјере, геополитичките предизвици и руската агресија се причина за зголемен фокус на ова прашање, но таа нагласи дека на Македонија ѝ претстојат конкретни чекори кои мора да се исполнат на патот кон Унијата.

    -Како идно претседателство не можеме сами да ги направиме овие промени. Потребна е заедничка и конструктивна работа, затоа сум тука – да градиме партнерство со Северна Македонија и да видиме како да забрзаме напредокот. Очекуваме од земјата да направи напори и да ги спроведе потребните реформи за членство во ЕУ. Ние ќе направиме сè што е во нашата моќ за да помогнеме, рече Мари Бјере, министерка за европски прашања на Данска.

    Министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, нагласи дека патот кон ЕУ треба да се води според Копенхашките критериуми – тие се јасни, објективни и применливи за сите кандидати.

    -Кога процесот се соочува со политички и билатерални притисоци, овие критериуми се нашата главна гаранција. Тие потсетуваат дека европската интеграција мора да се базира на демократијата, владеење на правото и стабилна пазарна економија, а не на теми надвор од тие вредности, кажа Орхан Муртезани, министер за европски прашања на Македонија.

    Муртезани подвлече дека прашањата меѓу соседите мора да најдат соодветно решение, без да влијаат негативно врз пристапниот процес во ЕУ.

    Покрај уставните измени, Македонија има обврска до Европската комисија да достави три патокази: за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и за функционалност на демократските институции, како и Акциски план за малцинските права. Трите патокази се речиси усогласени со Европската комисија, додека Акцискиот план веќе е испратен до Советот на Европа и се очекуваат нивните коментари, по што ќе биде усвоен и официјално доставен до Европската комисија.

    Поврзани вести:

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    14/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.