Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Премиер на Тајланд: Нема договор за прекин на огнот со Камбоџа
    Свет

    Премиер на Тајланд: Нема договор за прекин на огнот со Камбоџа

    13/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Тајланд не постигна договор за прекин на огнот со Камбоџа и тајландската војска ќе продолжи со борбените дејства на спорната граница, изјави денеска вршителот на должноста премиер на Тајланд, Анутин Чарнвиракул.

    Тој изјави дека Тајланд ќе продолжи со воените операции сè додека нема да бидат загрозени територијата и населението на земјата.

    Во објава на социјалните мрежи, Анутин ја отфрли претходната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со експлозијата на бомба покрај пат, пренесе Синхуа. Трамп вчера изјави дека бомбата поставена покрај патот, при што загинале и биле ранети голем број тајландски војници, била „несреќен случај“, но дека Тајланд возвратил „многу силно“.

    Повикајќи се на воен извор, тајландските медиуми објавија дека Кралското тајландско воено воздухопловство денеска распореди два борбени авиона Ф-16, кои бомбардирале цели долж границата со Камбоџа.

    Премиерите на Камбоџа и Тајланд на 26 октомври потпишаа мировен договор во присуство на Трамп, на самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Куала Лумпур.

    Нешто повеќе од еден месец подоцна, на 7 декември, воените судири повторно продолжија на тајландско-камбоџанската граница.

    Камбоџа соопшти дека Тајланд, користејќи и борбени авиони, продолжил да напаѓа цели на границата во текот на утрото, неколку часа откако Трамп соопшти дека посредува во прекин на огнот.

    Малезискиот премиер Анвар Ибрахим, кој беше посредник во мировните преговори меѓу Тајланд и Камбоџа, изјави дека двете земји треба да ги прекинат непријателствата почнувајќи од вечерва.

    Поврзани вести:

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Камбоџа тајланд
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    20/11/2026

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    19/11/2026

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.