Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Претреси во Скопје и околината, лишени од слобода 12 лица поради „злосторничко здружување” и неовластено тргување со оружје
    Хроника

    Претреси во Скопје и околината, лишени од слобода 12 лица поради „злосторничко здружување” и неовластено тргување со оружје

    10/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    МВР информира дека денеска во раните утрински часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведоа претреси на повеќе локации на подрачјето на селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Методија Андонов Ченто и Чаир. Во акцијата се лишени од слобода 12 лица: Н.С.(70), Ф.С.(42), Ќ.С.(44), Б.А.(40), С.Д.(37), Ф.Д.(35), Н.А.(59), Р.К.(27), Н.Л.(44), А.К.(35), З.М.(61) и Р.С.(27) за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Едно лице дополнително се сомничи за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

    Според МВР, до ОЈО ГОКК е поднесена кривична пријава против сите 12 лица, за кои постои основано сомнение дека во периодот од април 2025 година до декември 2025 година создале и станале припадници на злосторничко здружение, организирано за вршење кривични дела казниви со затворска казна од најмалку три години.

    С.Д., од засега непознати лица од Република Косово, неовластено набавувал огнено оружје и муниција со цел понатамошна продажба, по што нелегално ги пренесувал на територијата на Република Северна Македонија. Оружјето и муницијата биле неовластено складирани на безбедни локации во селата Сингелиќ и Брест.

    Од прибраните докази произлегува дека припадниците на групата имале јасно распределени улоги. Н.С., како еден од организаторите, давал насоки за пронаоѓање потенцијални купувачи и за неовластено посредување во трговијата со огнено оружје и муниција. С.Д. неовластено набавувал муниција и ги координирал активностите за доставување на оружјето до членовите на групата, додека Н.А. го одржувал контактот со првоосомничениот и ја координирал доставата до непосредните купувачи.

    Дополнително, Н.Л., покрај неовластено посредување во трговија со оружје, се сомничи дека неовластено продавал и наркотична дрога кокаин.

    Поврзани вести:

    Малолетник кривично пријавен за силување на дете под 15 години и уцена со видео

    Малолетник кривично пријавен за силување на дете под 15 години и уцена со видео

    Поради имотен спор, 75-годишник нападнал 66-годишен жител на Милетино

    Поради имотен спор, 75-годишник нападнал 66-годишен жител на Милетино

    Три лица повредени во тешка сообраќајка кај Белви, учествувале четири возила

    Три лица повредени во тешка сообраќајка кај Белви, учествувале четири возила

    Влегла во дом на 81-годишник и со сила му зела пари, поднесена пријава

    Влегла во дом на 81-годишник и со сила му зела пари, поднесена пријава

    Скопјанец приведен во Гази Баба, полицијата пронашла рачна бомба во неговиот дом

    Скопјанец приведен во Гази Баба, полицијата пронашла рачна бомба во неговиот дом

    Осумнаесетгодишник од Кочани пријавен за напад врз мајка си, оштетил и покуќнина

    Осумнаесетгодишник од Кочани пријавен за напад врз мајка си, оштетил и покуќнина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    дрога мвр оружје скопје упасени
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Малолетник кривично пријавен за силување на дете под 15 години и уцена со видео

    03/10/2026

    Поради имотен спор, 75-годишник нападнал 66-годишен жител на Милетино

    03/10/2026

    Три лица повредени во тешка сообраќајка кај Белви, учествувале четири возила

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.