Владата вчера одлучи да ја продолжи постапката за разрешување на републичкиот јавен обивнител Љупчо Коцевски. Владината одлука е донесена и таа ќе биде испратена во Собранието на гласање.
Владата како забелечки за неговата работа ги наведе неовластено споделување информации од предмети и нарушување на угледот на институцијата.
Македонската влада оваа постапка за првпат ја отвори пред кочанската трагедија, па поради тоа и поради локалните избори постапката беше во мирување.
Претходно Советот на јавни обвинител не даде позитивно мислење за разрешување на Коцевски. Според Законот, потребно е просто мнозинство од 61 пратеник за Собранието да му го прекине мандатот на државниот обвинител.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
