Американските преговарачи му пренеле порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, дека Доналд Трамп му дава само неколку дена да одговори на предложениот мировен договор, пренесува „Фајненшл тајмс“.
Зеленски се пожалил до челниците на Европската Унија дека специјалните претставници на Трамп го притискале да донесе брза одлука.
Тој најави ревидирање на мировен план на САД од 28 точки и изготвување на нов Украински мировен план.
Во интервју за „Политико“, на прашањето дали му поставил рок на Зеленски, Трамп рече: „Па, тој ќе мора да се фати за работа и да почне, да прифаќа работи, затоа што губи“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
