Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Божиновска: Ги финализираме законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, тие се клучни за декарбонизацијата
    Економија

    Божиновска: Ги финализираме законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, тие се клучни за декарбонизацијата

    16/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Усвојувањето на законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија кон декарбонизација и предизвиците што ги носи овој процес, посочи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

    -Ние сме во последните чекори од донесување на Законот за енергетска ефикасност и Законот за обновливи извори. Што значи дека кога ќе ги донесеме овие два закони, до септември очекувам, ќе имаме јасен план и што понатаму. Меѓутоа, подзаконските акти темелно се работат, ќе треба од 9 до 12-15 месеци да се изработат сите, бидејќи тоа е за целиот енергетски сектор. Така што, работиме на тоа, не е нешто што може да го планираме за недела-две, изјави таа по отворањето на Македонскиот енергетски форум – MEF25 денеска во Скопје.

    Дополни дека во моментов се работи на планот за три проценти од јавните институции да станат енергетски ефикасни, што е дел од реформската агенда.

    -Во моментов го изработуваме планот, мора три проценти од јавните институции да ги направиме енергетски ефикасни. Мислам дека до септември – октомври ќе го имаме тој план и ќе знаеме кои ќе влезат во тие три проценти, рече таа.

    За растот на цената на нафтата имајќи ги предвид геополитичките случувања, министерката истакна дека се следи состојбата.

    -Сите војни и геополитички настани имаат влијание. Ќе ја следиме состојбата, но се надевам дека нема да има поголеми промени во цените, рече таа.

    Што се однесува до енергетските задруги, министерката информираше дека ќе бидат регулирани по пример од Германија и Франција, а тоа, како што рече, ќе биде уредено со подзаконските акти на кои што се работи.

    -Се надевам дека до септември ќе има јасно дефинирано кој што може и кои ќе бидат условите, рече таа.

    Во врска со поготвеноста на Македонија за CBAM регулативата, министерката истакна дека веќе се работи на тоа.

    -Поголемите македонски компании веќе имаат луѓе кои работат на тоа, бидејќи за тоа некој треба да ги пресметува бројките. Соработуваме со нашата царина, таму имаат некој што ова го изработува. Работиме на спојување на пазарите и ако ова се случи, тие што ќе бидат произведени и затоа воведовме гаранција за потекло, тие што ќе произведуваат во процесот ќе има производство од зелена и обновлива енергија нема да спаѓа во таа такса, рече таа.

    Министерката најави повеќе информации по министерскиот состанок во јули во Грција, но, истакна дека не е потврдено дали ќе започне од 1.1.2026 година.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Министерот Николоски објави видео: Денеска се пушта во употреба клучката Требеништа на автопатот Охрид–Кичево

    30/04/2026

    Божиновска на јубилејот на ЕВН повика на одговорен приватен сектор и цврсти институции

    29/04/2026

    Алкалоид, НЛБ Банка и Македонски Телеком со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

    29/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.