Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Македонија се пласира во Втората светска група
    Спорт

    Македонија се пласира во Втората светска група

    16/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Тениската репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Горан Шевченко, избори пласман во Втората светска група на Дејвис-купот, откако го освои третото место во Третата европска група, турнир што се одржа на терените на ТК Југ во Скопје. Во последниот натпревар на турнирот, Македонија загуби со 1-2 од Летонија, која, пак, го освои првото место пред Црна Гора.

    Во другите дуели од петтото коло, Црна Гора ја совлада Молдавија со 3-0, а Малта славеше на мечот со Ерменија, исто така, со 3-0. На трите првопласирани репрезентации, Летонија, Црна Гора и Македонија, им беа доделени медали. Тие обезбедија промоција во Втората светска група на Дејвис-купот, Молдавија и следната година ќе игра во Третата европска група, а Малта и Ерменија испаднаа и во 2026 година ќе бидат дел од Четвртата европска група.

    Во Втората светска група за годинава, во септември, на програмата се 13 плејоф-натпревари, по кои победниците ќе се пласираат во Првата светска група за идната година. И во Првата светска група на ред се бараж-дуели, од кои победниците ќе се пласираат еден ранг погоре, во квалификациите за Дејвис-купот, во кои, пак, во септември 14 репрезентации (Холандија – Аргентина, Австралија – Белгија, Унгарија – Австрија, Германија – Јапонија, САД – Чешка, Данска – Шпанија и Хрватска – Франција) играат за место на завршниот турнир за годинава во Болоња (Италија), на кој директен пласман обезбеди актуелниот победник, репрезентацијата на Италија.

    Третата европска група, пласман за 2025 година: Летонија 5-0 (победи/порази), Црна Гора 4-1, Македонија 3-2, Молдавија 2-3, Малта 1-4, Ерменија 0-5.

    Поврзани вести:

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    Сензација на Ју-Ес Опен: Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло

    Сензација на Ју-Ес Опен: Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло

    Македонија убедлива во Виена, Димитриевиќ со трипл – дабл

    Македонија убедлива во Виена, Димитриевиќ со трипл – дабл

    Менува ли клуб Бојан Миовски? Одлуката на Ренџерс ги загрижи навивачите

    Менува ли клуб Бојан Миовски? Одлуката на Ренџерс ги загрижи навивачите

    Македонија со старт против Австрија: „Црвено-жолтите“ тргнуваат по пласман во квалификациите за Евробаскет 2029

    Македонија со старт против Австрија: „Црвено-жолтите“ тргнуваат по пласман во квалификациите за Евробаскет 2029

    Тадеј Погачар ќе оди на операција по тешкиот пад на Вуелта

    Тадеј Погачар ќе оди на операција по тешкиот пад на Вуелта

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    01/09/2026

    Сензација на Ју-Ес Опен: Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло

    31/08/2026

    Македонија убедлива во Виена, Димитриевиќ со трипл – дабл

    30/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.