Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го заврши војниот конфликт во Украина.
Коментарот доаѓа еден ден по петчасовната средбата во Москва на Путин со специјалните пратеници на Трамп кои разговараа за ревидираната верзија на американскиот мировен план за Украина.
„Можам да ви кажам дека имаа прилично добар состанок со претседателот Путин, а што ќе произлезе од тој состанок, не можам да ви кажам. Ќе видиме,” изјави Трамп.
Претходно и од официјална Москва истакнаа дека долготрајниот состанок бил корисен и конструктивен.
Од друга страна денеска веќе кон Вашингтон патуваат украинските преговарачи на нов круг консултации со американскиот специјале пратени Виткоф.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
