Корупцијата е еден од главните проблеми кои со години ја истоштуваат Македонија. За нејзино сузбивања е задолжена и Антикорупциската комисија. Таа вчера избра нов претседател, тоа е Адем Чучуљ, досегашниот секретар на Комисијата.
Јавноста пак се прашува: која е потребата од оваа Комисија, ако нивните случаи немаат судска завршница. Во минатото ретко кога органите на прогонот сериозно сваќале нивна иницијатива.
„Зарем треба државата да плаќа многу пари за плати на членовите на Комисијата и да покрива останати трошоци за функционирање, ако нејзината единствена функција е да пишува казни на функционери што не поднеле анкетни листови за својата имотна состојба, напиша еден граѓанин на социјалните мрежи.
Годишно во просек Комисијата отвара околу педесетина случаи, но праксата покажува дека речиси за ниту за еден не започнала обвинителска истрага.
Ќе се избори ли новиот претседател работите да не бидат такви и во иднина? И треба ли Комисијата со промена на закони да добие повеќе ингеренции?
