Почитување на петте стандардни принципи кои се пример во европските земји: безбедна брзина, безбедни учесници во сообраќајот, безбедни
патишта, безбедни возила и ефикасна реакција на институциите по настанување на сообраќајната незгода. Тоа, според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, е клучот за нула жртви во сообраќајните несреќи.
Во денешното обраќање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, тој посочи дека „Македонија, за
жал, во последните 15 години е синоним за врв на жртви предизвикани од непочитување на сообраќајни правила”. Инаку, претходно денеска Министерот истакна дека за 24 часа околу 110.000 прекршоци констатира системот „Безбеден град” само во Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
