Боинг E-6B „Меркури“, американскиот команден авион во случај на нуклеарна војна, утрово исчезнал од јавните уреди за следење на летови за време на мисија над Атлантскиот Океан.
Леталото полетало од морнаричката база Патуксент Ривер во Мериленд, ја поминало стандардната рута над Чесапик Заливот и регионот Норфолк, а потоа, околу 60 милји источно од Вирџинија Бич, неговиот транспондер бил исклучен. Таквото исклучување на сигналот не е невообичаено, затоа што E-6B извршува TACAMO мисии кои обезбедуваат комуникација со нуклеарните подморници и стратешките сили на САД во случај на нуклеарен конфликт. Леталото користи километарски антенски жици и лета во посебен режим над океанот, најчесто без транспондер. п
Овој авион е еден од шеснаесет вакви авиони во американскиот арсенал, а исчезнувањето од радарите само по себе не значи дека авионот е во неволја, но во моменталната глобална ситуација ваквите случувања привлекуваат зголемено внимание.
Пентагон нема издадено никакво официјално соопштение во врска со исчезнувањето на сигналот, ниту пак е потврдено дека леталото подоцна било лоцирано или се вратило во базата.
