Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денеска го ќе ја посети Турција, па потоа Либан. Целта на патувањето, според соопштението од Ватикан е посветено на две клучни цели: промовирање на христијанското единство преку историското одбележување на 1.700 -годишнината од Никејскиот собор, како и зацврстување на односите со муслиманската заедница во земјата.
Папата ќе се сретне со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.
Посетата на Турција е прва етапа од поширокото апостолско патување што ќе продолжи во Либан од 30 ноември до 2 декември, со што папата Лав XIV ја исполнува желбата на својот претходник, папата Франциск, да ја посети Земјата на кедрите, која се соочува со војна и криза.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
