Милорад Додик, доскорешниот претседатео на Република Српска при коментирање на исходот од вонредните претседателски избори во босанскиот ентитет, изјави дека пропаднал обидот на високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, „пробошњачките структури“ и „антисрпските елементи“ да ја направат дестабилизација.
„Се беше насочено кон дестабилизација на Република Српска, но не успеаја. Народот, во невозможни услови, гласајќи за Синиша Каран, ги победи Шмит, намерите на босанските муслимани од Сараево и предавничките намери на опозицијата“, изјави Додик.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
