Утрово се полицијата апси и прави претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и Тетово.
Под сомненија за злоупотреба на службена положба и овластување, полицијата приведе поранешни директори во Агенцијата за стокови резерви, еден заменик министер и едно вешто лице.
Тие се осомничени дека во текот на 2021-2022 година со неизвршување на својата службена должност, направиле отпис на 1,500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 кг јачмен од државните стокови резерви, со што причиниле штета на буџетот од околу 780.000 евра.
Како што дознаваме уапсени се: Реси Абдурхами, директор на Агенцијата за стокови резерви и двајца раководители во истата агенција Ниметула Рамадани и Тони Кантурски.
Според нашите информации меѓу уапсените е и поранешниот заменик министер Трајан Димковски, како е вештото лице Миле Пешевски
