Се најавуваше дека по изборите власта ќе прави вистинска македонска резолуција за евроинтеграциите, но засега нема ништо од тоа. Се чини ќе се почека стартот на идната година за кога Владата очекува одредено придвижување на неоправдано блокираната евроинтеграција на Македонија.
Од друга страна пак црвените линии на социјалдемократите и на Венко Филипче, кои помпезно беа обзнанени пред изборите се целосно заборавени. Никој не ги споменува, никому не му се важни.
Опозицискиот предлог за премиерот Христијан Мицкоски се – итроштина и тројански коњ кој е во корист на странци. Граѓаните пак на изборите пратија јасна слика и по ова прашање каде Филипче бараше да се смени Уставот, а потоа да се види како понатака. Затоа СДСМ и скоро и да нема градоначалници. Затоа е можеби и добро што сега воопшто не се тема црвените линии на социјалдемократите.
Сега е тема како партиите здружено да покажат на ЕУ дека на Македонија и треба опипливи гаранции дека нема да добива ниви вета од кого и да му текне.
