Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Полска го затвора последниот руски конзулат во земјата – во Гдањск
    Свет

    Полска го затвора последниот руски конзулат во земјата – во Гдањск

    19/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Полска го затвора рускиот генерален конзулат во Гдањск – последниот на Москва во земјата – изјави денеска шефот на дипломатијата Радослав Шикорски како одговор на бомбашкиот напад врз стратешки важна железничка линија за време на викендот.
    Повлечено е одобрението за работа на оваа дипломатска мисија, изјави министерот Шикроски во Варшава, пренесе ДПА.
    Полска, исто така, ќе преземе понатамошни чекори „од недипломатска природа“ по инцидентот, но министерот не даде никакви детали за постапките што ќе следат.
    Полската влада ги обвинува руските разузнавачки служби дека стојат зад уништувањето на пругите на линијата од Варшава до Лублин, потсетува ДПА.
    Експлозијата се случи во близина на селото Мика, околу 100 километри југоисточно од главниот град. Во неа никој не беѓе повреден бидејќи машиновозачот навреме ја забележал штетата и ја пријавил.
    Истражителите бараат двајца осомничени – украински државјани за кои се вели дека дејствувале во името на Москва и избегале во Белорусија по нападот, потсетува германската агенција.
    Ова означува значителна ескалација на дејствијата на Русија, рече Шикорски.
    „Саботажа е кога е оштетен имот. Ако намерата е да се убијат луѓе, тоа повеќе не е саботажа, туку државен тероризам“, изјави министерот.
    Рускиот генерален конзулат во северниот пристанишен град беше последната преостаната институција од ваков вид во Полска. Полска во мај го затвори конзулатот во Краков по обвинувањата за палење против руската разузнавачка служба. Конзулатот во Познањ беше затворен во 2024 година од истата причина.
    Шикорски нагласи дека, како и другите земји од ЕУ погодени од дејствијата на руската тајна служба, Полска нема намера да ја затвори руската Амбасада во Варшава и да ги прекине дипломатските односи со Москва

    Поврзани вести:

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    Г7 ќе ослободи до 100 милиони барели нафта и дизел за стабилизација на цените

    Г7 ќе ослободи до 100 милиони барели нафта и дизел за стабилизација на цените

    Трагедија во Србија: Пронајдени делови од тело на жена во замрзнувач, синот приведен

    Трагедија во Србија: Пронајдени делови од тело на жена во замрзнувач, синот приведен

    Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург

    Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    конзулат полска
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    03/10/2026

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    03/10/2026

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.