Под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани. Во преполната специјализирана судница во КПУ Идризово, покрај обвинетите, обвинителите, адвокатите и судијата присутни се и роднини на 63 жртви кои го загубија животот во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс”.
Судијката Диана Груевска побара дисциплина за време на рочиштата, и посочи дека странките имаат право на само една опомена додека на втората ќе бидат отстранети од судницата.
„Колку ќе трае судењето никој не знае, апелирам на трпение и дисциплина”, рече судијката и додаде дека „Ќе се дојде до правдата”.
Во случајот како обвинети се опфатени 35 физички и три правни лица кои се товарат за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници и министри.
Обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители.
Предвидено е рочиштата да се одржуваат со темпо од две неделно.
