Српски државјанин во текот на вчерашниот ден се обидел да изнесе поголема количина на девизи од Македонија на граничниот премин Табановце. Но, од страна на царинските инспектори бил спречен во тоа. При проверката на возилото од страна на царинските инспектори, биле пронајдени вкупно 94.000 евра, кадешто 84.000 му биле одземени затоа што не поседувал документ за потекло на парите и не ги пријавил. Останатите 10.000 евра согласно Законот за девизно работење му биле вратени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
