Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » ЦИА вршела тајни експерименти врз луѓе? Исповедта на жената што ги тужела протече во јавноста
    Занимливости

    ЦИА вршела тајни експерименти врз луѓе? Исповедта на жената што ги тужела протече во јавноста

    16/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Лана Понтинг, која во тинејџерските години била лекувана еден месец во Институтот „Алан Меморијал“, изјавила дека била подложена на тајни експерименти од страна на Централната разузнавачка агенција на САД во таа поранешна психијатриска болница во Монтреал, Канада.
    Таа поради тоа ја тужела ЦИА.
    Понтинг тврди дека во болницата, каде што била сместена еден месец во април 1958 година, откако наредил судија, таа, тогаш шеснаесетгодишна, да се подложи на третман за „непослушно“ однесување, станала една од илјадниците луѓе врз кои биле вршени експерименти како дел од строго доверливото истражување на ЦИА за контрола на умот.
    Таа е една од двајцата именувани тужители во групна тужба поднесена од канадски жртви на експериментите и тврди дека откако била примена во болницата, станала, без да знае во тоа време, учесник во тајните експерименти на ЦИА познати како „МК-Ултра“.

    Странските медиуми објави дека за време на Студената војна, ефектите од психоделичните дроги како што се ЛСД, електрошокови и техники на перење мозок биле тестирани врз луѓе без нивна согласност во повеќе од 100 институции – болници, затвори и училишта во Соединетите Американски Држави и Канада.
    Понтинг изјавила дека слушала континуирани снимки од „ти си добра девојка, ти си лоша девојка“ кои се повторувале одново и одново.
    Медицинските картони покажуваат дека на Лана Понтинг ѝ бил даван и ЛСД, како и дроги како што се натриум амитал, барбитурати, деоксин, стимуланси, како и азотен оксид, седатив познат како гас за смеење.

    Суровата вистина за експериментите МК-Ултра првпат излегла на виделина во 1970-тите, а оттогаш неколку жртви се обиделе да ги тужат САД и Канада.
    Тужбите во САД биле во голема мера неуспешни, но во 1988 година канадски судија ѝ наложил на американската влада да им исплати на девет жртви по 67.000 долари (57.623 евра), а во 1992 година канадската влада им исплатила по 100.000 канадски долари (околу 68.804 евра во тоа време) на секоја од 77-те жртви, но не ја признала одговорноста.

    Фото: Pixabay

    100 болници америка канада студена војна судски процеси тајни експерименти циа
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сонцето како „осумка“ над Скопје: Едногодишен проект на Боби Кузманоски во импресивна аналема

    16/04/2026

    Обновете ја интимата: 7 совети за подобар секс

    12/04/2026

    Довербата се гради со години, а се руши за миг

    31/03/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.