Саша Шуњка од клубот „Змејово срце“, човек со Даунов синдром кој секој ден шири насмевки и љубов, доживеал нешто неверојатно – Јала Брат се согласил да сними песна со него.
Ова не е само дует. Оваа соработка е доказ дека музиката и љубезноста не познаваат граници. Откако приказната за млад келнер и уметник со Даунов синдром ги допре срцата низ цела Босна и Херцеговина, популарниот рапер Јала Брат се согласил да сними песна со него.
View this post on Instagram
Песната се вика „Сале брате“ и зборува за неговиот живот, за тоа што „Змејево срце“ значи за него и за сите оние луѓе кои влегле во неговиот живот откако добил можност да работи како келнер во клубот „Змејево срце“. Песната ја напишал неговиот пријател и основач на клубот, Омер Исовиќ.

„Змајево срце“ е кафуле во Тузла, БИХ, кое комбинира добро кафе, топла атмосфера и голема човечност. Посебна карактеристика на ова место е тоа што, преку процесот на инклузија, лицата со Даунов синдром се вклучени во неговата работа. Пораката за прифаќање, поддршка и еднакви можности за сите се шири тука секој ден. „Змејово срце“ не е само кафуле – тоа е симбол на љубов, сила и заедништво.
Фото: Принтскрин/Instagram
