Еден од лидерите на десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД), Тино Хрупала, изјави дека Русија не претставуват закана за Германија — но дека Полска би можела.
Неговата изјава доаѓа во моментот кога центристичките германски политичари сè повеќе предупредуваат дека АфД делува како гласноговорник на Путин во Германија. Ова челниците на АфД категорично го негираат.
„Путин не ми направи ништо. Не гледам никаква опасност за Германија од Русија во овој момент“, рече Хрупала и додаде: “Земете ја Полска, на пример, таа може да претставува закана за нас.“
Неговите изјави доаѓаат во момент кога челниците на АфД се вмешани во внатрешен конфликт поради група партиски политичари кои планирале патување во Русија на меѓународната конференција на земјите BRICS во Сочи.
Втората ко-претседателка на партијата, Алисе Веидел, се обидува да го поправи имиџот на партијата, да ги смири најизразените проруски политичари и да воспостави поблиски односи со администрацијата на Доналд Трамп во САД.
