Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Стартува кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“
    Политика

    Стартува кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“

    12/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која има за цел да ја зголеми свеста кај граѓаните за важноста на пријавувањето корупција и да ги охрабри да преземат активни чекори во борбата против оваа негативна појава стартуваше денеска.

    На промоцијата на кампањата беше истакнато дека одржливиот напредок може да се постигне само преку транспарентност, доверба и активно граѓанско учество.

    Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на настанот по повод отпочнување на кампањата, што се одржа во Клуб на пратеници, истакна дека институциите даваат силна поддршка на кампањата.

    -Ќе го искористиме целото наше знаење и капацитети и ќе работиме на системите за пријавување корупција, како и обезбедување заштита и доверливост на лицата што пријавуваат. Наша задача е да создадеме доверба кај граѓаните, да ги охрабриме да бидат дел од решението и да им овозможиме безбедно и ефективно пријавување на коруптивни случаи. Верувам дека ќе обезбедиме ефикасна координација и брза реакција со цел тие да се процесуираат и санкционираат во најкус можен рок. Нашата поддршка на оваа кампања е безрезервна и со јасна намера за зголемување на транспарентноста и одговорноста во институциите, создавајќи средина каде што граѓаните се чувствуваат безбедно и мотивирано да пријавуваат неправилности, рече Јанев.

    Тој потенцираше дека е убеден оти ќе ги намалат коруптивните дејствија на сите нивоа.

    -Треба на проблемите кои што сите ние како граѓани ги имаме, а се генерирани од коруптивни дејствија, да почнеме да им ставаме крај. Ова да не бидат декларативни зборови, туку да преминеме во акција, дополни тој.

    Експертот за антикорупција и перење пари, Мојца Кузмички, посочи дека главниот фокус на оваа кампања е подигнување на свеста и градењето доверба, за луѓето да можат да ја препознаат корупцијата, да го разберат нејзиното штетно влијание и да се чувствуваат безбедно и охрабрено да преземат акција.

    -Денеска не претставуваме само уште една кампања, воведуваме витална иницијатива, која се фокусира на превенција преку подигање на свеста, едукација и активно вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата, која не е задача само на една институција. Тоа е споделена одговорност на целото општество. Само преку соработка на граѓаните, органите за спроведување на законот и граѓанското општество можеме да изградиме потранспарентна, поправедна и доверлива држава. Со денешниот настан отвораме ново поглавје во кое секој поединец е дел од решението, нагласи таа..

    Кампањата, која е дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, а спроведен во соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе се промовира преку социјалните медиуми, медиумски платформи и со поддршка од влијателни јавни личности, со цел да се поттикне поголема афирмација на иницијативата.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    СДСМ со нови обвинувања: Договор од 13,2 милиони евра поврзан со

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: Не може да бара повисоки плати, а да е против инвестиции

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    Стефанија Кузмановска избрана за нова претседателка на СДММ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема план како до повисоки плати и економски развој

    22/09/2026

    СДСМ бара референдум за рударските проекти во засегнатите општини

    22/09/2026

    Мицкоски од Њујорк: ЕУ не смее да го условува македонскиот идентитет

    22/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.