Повеќе од 3,2 милиони патници во САД се погодени од доцнења и откажувања на летови, бидејќи бројот на отсуства меѓу контролорите на летање постојано расте.
Федералната управа за авијација извести дека поради недостиг на контролори се воведени задоцнувања во Далас и Остин, а слични мерки би можеле да ги погодат и аеродромите во Хјустон и Вашингтон.
Само во понеделникот биле забележани речиси 2.900 одложени летови.
Околу 13.000 контролори на летање и 50.000 службеници од Управата за безбедност во сообраќајот се принудени да работат без плата, затоа што се уште демократите и републиканците во Конгресот не се договориле за изгласување на буџетот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
