Во рамките на Есенските музички свечености во среда во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20. часот концерт ќе има Пламенка Трајковска – гудачки квартет.
Учествуваат:
Пламенка Трајковска – виолина
Сандра Крстевска – виолина
Љубица Бошкоска – виола
Александра Јаневска – виолончело
Воедно ќе има и проекција на „Веселата војна“.
Уникатниот, мултимедијален концерт насловен „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм ‘Веселата војна’ претставува редок спој со кој гудачкиот квартет ќе ја изведува музиката на Штраус, додека на платното ќе се проектира нем филм на режисерот Роберт Вине.
Филмот е инспириран од виенската култура, нуди визуелно и музичко патување з духот на европската култура од крајот на 19. век.
Фото: Facebook
