Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Занимливости»(ВИДЕО) ЈА ОСВОИЛ ХОЛИВУДСКАТА ГЛУМИЦА, ЖИВЕЕЛ НА ВИСОКА НОГА ПА СЕ ОТКРИЛО ДЕКА Е ИЗМАМНИК: Ен Хатавеј мислела дека ја пронашла својата сродна душа, а потоа поминала низ пекол
    Занимливости

    (ВИДЕО) ЈА ОСВОИЛ ХОЛИВУДСКАТА ГЛУМИЦА, ЖИВЕЕЛ НА ВИСОКА НОГА ПА СЕ ОТКРИЛО ДЕКА Е ИЗМАМНИК: Ен Хатавеј мислела дека ја пронашла својата сродна душа, а потоа поминала низ пекол

    31/10/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Глумицата Ен Хатавеј мислела дека живее во бајка, само за таа бајка да се сруши преку ноќ.
    Пред неколку години, холивудската ѕвезда Ен Хатавеј постојано го фалела својот тогашен партнер, шармантниот Италијанец Рафаело Фолиери, кој се претставувал во јавноста како успешен бизнисмен и човек од доверба, но подоцна се покажало дека сè е голема илузија.
    На почетокот, Ен Хатавеј била целосно маѓепсана од агентот за недвижности кој ѝ дал сè што сакала и се однесувал кон неа како кон вистинска принцеза. Ја водел на луксузни патувања со приватни авиони, а во една прилика потрошил околу 100.000 евра само за да стигне до новогодишната ноќ кај дизајнерот Оскар де ла Рента во Доминиканската Република. Двојката престојувала во најскапите хотели низ Европа, додека во Њујорк живееле во луксузен стан на Менхетен, чија месечна кирија била околу 34.000 евра.

    Тврдел дека тесно соработувал со Ватикан

    https://prvaskopska.mk/wp-content/uploads/2025/10/en-hatavej-so-bivsiot.mp4

    Фолиери тврдел дека тесно соработувал со Ватикан и барал инвеститори за проекти поврзани со црковно земјиште, уверувајќи ги дека има дозвола да дејствува во име на Католичката црква. Ен му верувала и го поддржувала тогаш, сè додека не открила дека е само измамник.
    „Се запознавме во 2004 година, имав 25 години. Имаше многу убави моменти и чувствував дека сè ми е достапно. Се сеќавам една ноќ кога Ен снимаше во друга земја, а јас размислував во нашиот стан како можам да имам сè што ќе посакам“, рекол Фолиери во интервју за „Дејли меил“.

    Сè се урнало кога бил откриен
    Сè се урнало на 24 јуни 2008 година, кога бил уапсен за финансиска измама. „Разговаравме по телефон таа вечер. Таа ми рече: ‘Те сакам засекогаш’. Четири часа подоцна, полицијата затропа на вратата. Никогаш повеќе не разговаравме“, се присетил тој.
    Иако тврди дека нема омраза кон Ен, признава дека нејзиното молчење длабоко го повредило. „Таа никогаш не ме контактирала, дури ни преку порака. Мислам дека одлучила да ја заштити својата кариера. Не сум огорчен, но сум повреден“, рекол тој.

    Фото: wikitia

    Неговиот случај е познат како „Вати-Кон“, бидејќи било откриено дека лажно тврдел дека има врски со Ватикан и дека ги злоупотребил парите на инвеститорите, вклучувајќи го и милијардерот Рон Баркл, близок пријател на поранешниот претседател Бил Клинтон.
    На суд, тој ги признал сите 14 точки од обвинението, со што избегнал можна казна од 160 години затвор (што е доживотна казна затвор). Наместо тоа, тој поминал четири и пол години зад решетки, а по ослободувањето бил депортиран во Италија и му било забрането да се врати во САД.
    Денес Рафаело Фолиери има 43 години, тој е во брак со Константина, пријателка од Њујорк која му останала верна во тешките времиња. Тие имаат син, Паскал, и наскоро очекуваат ќерка. Неговата компанија „Фолиери Енерџи“ управува со 162 бензински пумпи проценети на повеќе од 170 милиони евра, додека вредноста на неговата матична компанија „Fholding UAE“ е непозната.
    Од друга страна, Ен Хатавеј е среќно мажена за Адам Шулман од 2012 година, со кого има два сина, а нејзиниот живот, се чини, сега е сосема мирен и далеку од скандалите што некогаш ја следеле.

    Фото: Принтскрин/YouTube

    Поврзани вести:

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    По смртта на Доли Партон нејзината музика стана најслушана во светот

    По смртта на Доли Партон нејзината музика стана најслушана во светот

    Тирана најевтина европска дестинација за есенско патување, доволни се околу 60 евра дневно

    Тирана најевтина европска дестинација за есенско патување, доволни се околу 60 евра дневно

    ТикТок ќе плати 400 милиони долари поради обвинувања за собирање податоци од деца

    ТикТок ќе плати 400 милиони долари поради обвинувања за собирање податоци од деца

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бизнисмен ен хатавеј затвор измамник љубов рафаело фолиери саудиска арабија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кога љубовта станува товар: Однесувања што не треба да ги игнорирате

    01/10/2026

    Дали одмрзнатото месо може повторно да се замрзне? Еве што треба да знаете

    30/09/2026

    Клучот за подобра интимност е разговорот меѓу партнерите, а не глума како во филмовите

    30/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.