Социјал-либералната партија Демократи 66 изненадувачки освои најмногу
гласови на вонредни парламентарни избори во Холандија 27 мандати во
150-члениот Долен дом на холандскиот Парламент. Веднаш до неа е десната
Партија на слободата со 25 мандати, а трета е конзервативно-либералната
Народна партија за слобода и демократија со 23 пратенички места.
Веднаш по нив се и коалицијата на Лабуристичка партија и Зелена левица
со 20 пратеници и Христијанско-демократски повик со 19 мандати.
Ваквата распределба на мандатите може да доведе до нова политичка криза
и тешки преговори за формирање на нова Влада.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
