Најмалку 24 лица загинаа во страшниот ураган од петта категорија што ги погоди Карибите. Четворица загинати се во Јамајка, а 20 на Хаити. Утрово по македонско време „ураганат на векот“ како што го нарекоа најпрво удри на Хаити, па продолжи кон Јамајка. Откако ја опустоши оваа држава се упати кон Куба. За среќа, под влијание на ладни атмосферски струи, ја изгуби силата. Претходно кубанските власти евакуираа над 700.000 жители од областите каде што се очекуваше да помине Мелиса.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека спасувачки екипи од САД се на пат кон погодените држави за да им помогнат во надминување на последиците од катастрофата.
Објавуваме видеа објавени на социјалните мрежи на кои се гледа дека последиците од ураганот – Јамајка изгледа како да паднала атомска бомба.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
