Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Тага во македонскиот медиумски простор: Почина Коста Јаневски, еден од основачите на „Антена 5“
    Култура

    Тага во македонскиот медиумски простор: Почина Коста Јаневски, еден од основачите на „Антена 5“

    27/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Со огромна тага ве известуваме дека по кратко боледување на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски,“ соопштија од Радио „Антена 5“ преку својата официјална страница на Фејсбук.

    „Со огромна тага, ве известуваме дека по кратко боледување на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски, филмски работник и еден од сопствениците и основачите на радио Антена 5.Учествуваше во основањето, техничкиот развој и креирањето на програмата, а ја извршуваше функцијата Технички директор во Антена 5 од 1994 година.

    Работеше на техничката и програмска реализација на сите домашни и меѓународни музички и културни настани пренесувани на програмата на Антена 5: Британските музички награди, Ем-Ти-Ви европските музички награди (MTV ЕМА), Зимската музичка конференција во Мајами, Викенд Медиа фестивалот, Егзит, Таксират, Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” и Д Фестивал во Дојран.

    Пред основањето на Антена 5, беше дел од програмата Радио Микс на Радио УНО и проектот Радио Топ Листа на Македонија.Дипломира на Електротехничкиот факултет. Својата кариера како филмски работник ја започнува во осумдесетите години, како монтажер на тон и тон снимател. Во 1985 година работеше како слободен филмски работник во Друштвото на филмски работници на Македонија, а од наредната година работи во продуцентската куќа “Вардар филм”. Во текот на својата кариера учествуваше во реализација на филмски проекти од домашна продукција и странски копродукции, голем број на играни, документарни, краткометражни и долгометражни филмови како “Македонска сага”, “Среќна Нова ‘49”, “Тетовирање” и многу други. Беше член на Друштвото на филмски работници на Македонија и член на Здружението на тонски сниматели на Македонија.

    Погребот ќе биде во вторник во 11:30 на Градските Гробишта Бутел во Скопје.

    Антена 5 изразува најдлабоко сочувство на семејството и пријателите“, стои во соопштението од Антена 5.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.