Секој ден до завршувањето на кампањата Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, ќе одржува тематски прес -конференции, на кои ќе ги претставува идеите и мерките за Скопје.
Тој денеска соопшти дека во изминатите неколку дена имале голем прилив на нови поддржувачи и оти многу граѓани кои досега не гласале за Левица, сега, таа Партија ја гледаат како најсоодветна опција во вториот круг.
Мециновиќ најави и конкретни потези веднаш по преземањето на градската власт како раскинување на сите штетни договори што ја оптоваруваат градската администрација и јавните претпријатија „уште во првите 72 часа“.
Во делот на културата, Мециновиќ најави две нови насоки во политиката на градот за поддршка на младите: финансиско зајакнување на МКЦ и основање на скопски графити фестивал.
„Сакаме да му дадеме поголема финансиска поддршка на МКЦ. Дел од неговите простории може да се претворат во Скопско рок школо, простор каде младите ќе имаат пристап до инструменти и ќе можат да вежбаат и да се усовршуваат, објасни тој, додавајќи дека проектот ќе биде по примерот на слични иницијативи во европските градови“, изјави Мециновиќ.
Тој најави и идеја за нов фестивал: „Ќе поддржиме формирање на Скопски графити фестивал, по примерот на градови како Мостар. Секоја пролет ќе каниме уметници од регионот и од светот да создаваат мурали и графити, со што ќе го разубавиме Скопје и ќе му дадеме нов визуелен идентитет, рече Мециновиќ.
Според него, ваквите иницијативи ќе придонесат за поголема активност на младите во културниот живот и ќе го направат градот попривлечен за домашни и странски посетители.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
