Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»(ФОТО) Во Филхармонија, во петок, полурецитали на виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтиари
    Култура

    (ФОТО) Во Филхармонија, во петок, полурецитали на виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтиари

    21/10/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во петок, 24. октомври, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија полурецитали ќе одржат виолинистот Леонардо Димоски (во пијано придружба на Виктор Рафајловски) и пијанистот Шкељзен Бафтиари. На програмата се дела од Прокофјев, Лист, Прошев и Шопен.

    Леонардо Димоски е роден во 2004 год. во Битола, Р. Македонија. Музичкото образование го започнува на шест годишна возраст во Прилеп во ООМУ „Ордан Михајлоски Оцка”, во класата на проф. Оливера Трајкова и ментор проф.Ванчо Стоилков. Oд јануари 2017 година е под менторство на м-р проф. Сихана Бадивуку. Средното образование го завршува во државното музичко училиште во Битола, во класата на проф. Оливера Трајкова. Во 2023 година започнува со студирање во Виена со проф. Кристина Шуклар, ментор проф. Павел Верников. Учесник и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари: Лауреат е на меѓународни натпревари, добитник е на специјални, први, втори и трети награди на повеќе натпревари… Редовно настапува и на македонската сцена, вклучувајќи концерти во Прилеп, Битола и Скопје и настапи со Битолскиот Камерен Оркестар и Македонската Филхармонија. Учествува на семинари, работилници и проекти кои вклучуваат најразлични типови на импровизации и соработка со композитори на современа музика. Како плод на неговиот интерес во оваа го оформува „Емпати дуо“(дует на експериментални и концептуални импровизации) заедно со Киара Јанко (хармоника) со која што настапуваат на разни локации во Виена, како и во „Музикферајн“. Посетувал семинари и мастеркласови по виолина кај Михајло Куфојанакис, Пол Роцек, Теди Папаврами, Владимир Марковиќ, Рони Шпигел, Кирил Трусов, Павел Верников и други.

    Шкељзен Бафтиари дипломирал со највисока оценка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Борис Романов и завршил постдипломски студии со Cum Laude, во класата на светскиот познат пијанист Симон Трпчески со кој се уште има добра соработка. Основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ Илија Николовски Луј- Скопје во класата на проф. Људмила Романова. Пијано почнува да учи на 10-годишна возраст со проф. Симона Зафировска во ДМУ „Тодор Скаловски- Тетоец“ во Тетово. Добитник е на повеќе меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград и Белград. Оддржува солистички концерти во Тетово, Скопје, Струга, Приштина, Тирана, Софија, Охрид. Настапувал на неколку фестивали како „Охридско Лето“, „Есенски Музички Свечености“, „Скопско Лето“, „Денови на македонска музика“, „ДАМ“, „Шопен Пијано Фест“, „Косова Камерфест“, „РеМузика“, „Сцена на албанската сериозна музика“. Соработувал со познати диригенти и инструменталисти како Симон Трпчески, Шкељзен Доли, Сихана Бадивуку, Марија Ѓошевска, Дерек Хан, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев, Томас Херцог итн. Настапувал како солист со Лондон Сити Филхармоник, Македонска Филхармонија, Симфонискиот Оркестар на ФМУ, Косовка Филхармонија и Симфонискиот орестар на Абанската РТВ. Покрај поголемиот број на снимки за радио и ТВ редовно учествувал на семинарите под раководство на проф. Борис Романов што се одржувале секоја година во Охрид.

    Фото: А.Ѓ.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    24 октомври леонардо димоски петок полурецитали филхармонија шкељзен бафтиари
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.