Не стивнува драмата во француската влада. Премиерот Себастијан Лекорни преживеа две гласања за недоверба во парламентот, и тоа откако пред само десет дена поднесе оставка, а претседателот повторно го врати на истата функција. Иницијативите за недоверба беа покренати од десницата и левицата, но го спасија социјалистите, по одлуката на претседателот Макрон да се одложи контроверзната пензиска реформа за две години.
Левицата најави дека ќе поднесе барање за отповикување на претседателот Макрон и ќе бара да се распишат предвремени избори.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
