Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»(ФОТО) „Куршуми над Бродвеј“ премиерно на 18. октомври во Драмски театар Скопје
    Култура

    (ФОТО) „Куршуми над Бродвеј“ премиерно на 18. октомври во Драмски театар Скопје

    17/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Драмскиот театар во Скопје, на 18 октомври (сабота) премиерно ќе се изведе претставата на „Куршуми над Бродвеј“, работена по текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт, во режија на Ненад Витанов.

    Режисерот Ненад Витанов на прес конференцијата истакнал дека во текстот не е интервенирано ништо, како и дека костимите се автентични.
    „Ова е претстава за непринципиелната коалиција меѓу мафијата и уметноста. На сцената се судруваат световите на актерите, авторите, режисерите и гангстерите – секој со своја вистина, секој со своја цена. Оваа претстава е театарски манифест. Манифест на театарот како храм и пазар, како сон и компромис, како место каде што секоја реплика е куршум – способен да погоди срце, да уништи или да спаси“, вели Витанов.

    Играат 15 актери, 13 од Драмскиот театар и двајца студенти од Факултетот за драмски уметности (ФДУ), Игор Стојчевски, Јована Спасиќ, Сашо Тасевски, Јелена Жугиќ, Александра Павлова-Бубања, Роберт Вељановски, Александар Степанулески, Предраг Павловски, Калина Наумовска, Златко Митрески, Дениз Абдула, Ања Митиќ, Игор Георгиев, Мартин Мазнев и Енис Билаловиќ.
    Драматизацијата е на Витанов, сценографијата на Валентин Светозарев, костимите на Елена Вангеловска, а за сценските движења со актерите работеше Маја Каревски.
    Репризата на „Куршуми над Бродвеј“ е на 22 октомври, а трета изведба ќе биде на 27 октомври на фестивалот на Регионалната унија на театрите РУТА, што годинава ќе се одржи од 25 до 31 октомври во Драмски театар Скопје.

    Фото: dramski.mk

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    https://dramski.mk/repertoar/18-10-2025-kurshumi-nad-brodvej/
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.