Продолжува економскиот конфликт меѓу САД и Кина. Двете најголеми економии во светот од денеска си наметнуваат пристанишни такси на товарни бродови кои превезуваат од играчки до сурова нафта. Кина објави дека ќе воведе посебни давачки за бродови во сопственост на САД, управувани од САД, изградени во САД или бродови што пловат под американско знаме. Претходно, официјален Вашингтон објави дека ќе воведе пристанишни такси за товарни бродови во сопственост на Кина и за бродови изградени или кои пловат под кинеско знаме. Ова како што беше соопштено е со цел да се намали доминацијата на Кина во глобалната бродска индустрија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
