Македонија утре слави голем празник. Единаесетти октомври е светол датум на кој во 1941 година македонскиот народ ја почна борбата за ослободување од фашизмот. Таа борба беше и за конечно создавање на македонска држава, сон кој трае уште пред славниот Илинден од 1903 година. Во 1941 година Македонија беше поделена и окупирана фашистичките сили на Бугарија, Германија и Италија. Непокорните Македонци во Прилеп и Куманово токму на 11 октомври почнаа со оружената борба и така воедно ги потврдија пред светот аспирациите за национална и политичка автономија.
Славните партизани потоа низ крвави борби го трасираа патот кон АСНОМ и кон формирањето на федерална Македонија, каде што македонскиот народ доби своја институционална рамка и државен статус.
Македонија со празнувањето на овој ден се потсетува на тие херојски времиња, но и се потсетува дека борбата за зачувување на културните и историските особености на македонскиот народот никогаш не завршуваат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
